Јапонија го потврди првиот случај на птичји грип оваа сезона на живинарска фарма во префектурата Кјото. По потврдувањето на заразата, започна уништувањето на околу 200.000 кокошки, соопшти јапонската влада.
Вирусот усмртил 14 птици на фарма во градот Камеока, соопшти Министерството за земјоделство, пренесува „Џапан тајмс“.
Главниот секретар на јапонската влада, Минору Кихара, ги повика живинарите строго да ги почитуваат хигиенските и превентивните мерки за спречување на ширењето на заразата.
Во меѓувреме, министерот за земјоделство, Арата Такебе, предупреди дека птичјиот грип може да се појави насекаде во земјата, нагласувајќи ја потребата од зголемена претпазливост.