можно зголемување на каматните стапки

Еврото падна на најниско ниво во последните 19 месеци: Што се случува со европската валута?

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Еврото денеска ослабе во однос на американскиот долар, достигнувајќи го најниското ниво во последните 19 месеци и приближувајќи се до границата од 1,10 долари за едно евро. Падот се случува под притисок на зајакнувањето на американската валута и сè поизразените разлики во очекувањата за монетарната политика на Федералните резерви (ФЕД) и Европската централна банка (ЕЦБ).

Инвеститорите сè повеќе очекуваат дека ФЕД ќе продолжи со зголемување на каматните стапки, додека во еврозоната се предвидува поумерено заострување на монетарната политика, пренесува „Трејдинг економикс“.

Пазарите во моментов проценуваат дека ФЕД до септември 2027 година четирипати ќе ги зголеми каматните стапки, додека за ЕЦБ се очекуваат три зголемувања од по 25 базични поени.

Дополнителен притисок врз заедничката европска валута создаваат политичката и фискалната неизвесност во Франција, загриженоста поради послабите изгледи за економски раст во еврозоната, како и шпекулациите за тоа кој ќе го наследи актуелното раководство на Европската централна банка (ЕЦБ).

Потпретседателот на ЕЦБ, Борис Вујчиќ, денеска изјави дека пазарните очекувања за натамошно зголемување на каматните стапки во текот на 2027 година би можеле да се покажат како оправдани.

Со тоа тој навести дека трошоците за задолжување во еврозоната би можеле дополнително да пораснат, дури и по очекуваното зголемување на каматните стапки во декември.

Најнови вести