Денеска неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ ќе одржи протест против фемицидот, насилството и институционалната неодговорност, поради се позачестените случаи на убиства на жени.
Протестот е најавен во 13 часот пред Владата, а доаѓа по многуте случаи на насилство вклучително и последниот кога младата охриѓанка Сара беше претепана од нејзиното момче и фрлена на улица.
„Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме ОДГОВОРНОСТ, бараме ПРАВДА, бараме ПРАВА! Се гледаме на улица!, напишаа од иницијативата на социјалните мрежи.
Протестот доаѓа во време на неколку случаи на фемиц, а чашата ја прели и последниот настан во Охрид каде млада девојка беше брутално претепана и фрлена на улица, која ја вознемири јавноста.
Пред неколку дена Основното јавно обвинителство соопшти и дека е поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес, за случајот на Росица Коцева, исто така жртва на фемицид.
Податоците што ги објавија граѓанските организации покажуваат дека во период од нецели три месеци во Македонија животот го загубиле осум жени како жртви на родово базирано насилство.
Овој биланс ги поттикна женските организации да преминат од институционални реакции кон улични блокади и директен граѓански притисок.