Превозниците од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавија нова голема блокада на границите кон Европската Унија.
Од 14 септември планиран е прекин на товарниот сообраќај поради познатото шенгенско правило „90 дена во 180 дена“. Одлуката следува откако превозниците не најдоа решение за проблемот со ограничувањето на престојот.
Превозниците сметаат дека примената на правилото создава сериозен проблем бидејќи нивниот престој во ЕУ не е туристички, туку е поврзан со извршување на работни задачи.