Нови детали со аферата „Епстин”

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Француските истражители идентификувале 26 жртви на сексуалниот престапник и финансиер, Епстин, откако во февруари беше продолжена истрагата за неговите активности. Особено загрижува податокот дека 13 жртви претходно не се појавуваа во ниту една постапка поврзана со
Епстин. Истрагата и натаму трае, а нејзиниот обем не е ограничен само
на случаи што се случиле во Франција, соопшти главната тужителка на
Париз, Лор Беко.

Француското обвинителство се обидува да идентификува и личности кои најверојатно би можеле да се сексуално злоупотребени
од државјани на Франција, но поврзани со Епстин во други држави.

Починатиот американски моќник, Епстин поседувал стан во Франција, што
дополнително им отвора простор за истрага на француските истражители,
за неговите контакти и активности во таа земја.

Во САД, 2019 година, Џефри Епстин е обвинет за трговија со малолетни лица поради сексуална експлоатација, а неговиот случај предизвика меѓународно внимание поради контакти со многубројни влијателни личности. Истата година, во
август е пронајден мртов во затворската ќелија, а официјалната истрага
е дека извршил самоубиство.

Најнови вести