Енергетскиот шок и конфликтот на Блискиот Исток одново ја менуваат монeтарната политика.
Управниот совет на ЕЦБ ја зголеми депозитната стапка за 0,25 процентни поени од 2,25 на 2,5 проценти. Истовремено, главната стапка за рефинансирање е зголемена на 2,65 насто, додека стапката на маргиналното кредитирање сега изнесува 2,9 проценти.
Ова е второ зголемување на каматите откако централната банка во јуни, по тригодишна пауза, повторно почна со затегнување на монетарната политика.
Одлуката на ЕЦБ доаѓа по новото забрзување на инфлацијата во еврозоната.
Во август годишната инфлација достигна 3,3 насто, највисока стапка од септември 2023 година. Главниот двигател е енергијата. Инфлацијата кај енергентите се зголемила од 10,3 на 14,3 проценти, во услови на ограничено снабдување со нафта поради борбите во Ормускиот Теснец.
Базичната инфлација, која ги исклучува енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се намали од 2,5 на 2,4 насто. Инфлацијата кај услугите, падна од 3,3 на 3 проценти.
Централната банка предупредува дека конфликтот на Блискиот Исток продолжува да создава инфлаторни ризици и дека инфлацијата може подолг период да остане над целното ниво.
Економијата на еврозоната досега се
покажала поотпорна од очекуваното, но просечната инфлација има големи разлики меѓу земјите- членки. Во август инфлацијата во Шпанија изнесувала 4,5 проценти, во Германија 2,9 насто, а во Франција 2,7 проценти.
ЕЦБ е пред сложена задача, со една монетарна политика треба да одговори на економиите кои не се погодени на ист начин од енергетскиот шок.