Воз излетал од шините меѓу Руан и Каен, во близина на градот Клеон во Нормандија, а според првичните информации, повредени се околу 20 од приближно 180 до 200 патници, изјави францускиот министер за транспорт Филип Табаро. Надлежниот министер потврдил на социјалната мрежа X дека „ТЕР воз со 180 патници, кој сообраќал на релацијата Руан–Каен, излетал од шините меѓу Турвил и Елбеф-Сен-Обен, на подрачјето на општина Клеон, во департманот Приморска Сена.
„Во моментов, според прелиминарните информации, има околу дваесет повредени лица“, изјавил Табаро, пренесуваат француските медиуми.
Информира дека 140 пожарникари се испратени на местото на несреќата за да им помогнат на повредените и на патниците.
Засега нема информации за сериозноста на повредите.