Растот на цените на горивата во Европа го вклучи алармот. Цените на бензинот и дизелот во Европската Унија неделава го достигнаа највисокото ниво во изминатите 20 години. Според Европската комисија, полнењето на резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а со дизел 108 евра.
Растот на цените трае со месеци, од почетокот на војната со Иран на крајот на февруари, која го попречи протокот на енергија низ Ормускиот теснец. Снабдувањето на Европа е дополнително е отежнато откако Саудиска Арабија информираше дека најмалку две европски рафинерии нема да ги добијат договорени испораки на нафта во октомври.
Значително порасна и цената на преработката на нафтата, а зголемени се и маржите на рафинериите, што дополнително ги зголемува цените на бензинските пумпи.
Во извештајот за монетарната политика од 10 септември, Европската Централна Банка предупреди на понатамошни ризици.
Меѓудругото се наведува дека крајот на конфликтот на Блискиот Исток и нормализирањето на снабдувањето со енергија и работењето на рафинериите би биле клучни за падот на цените. Но и доколку се стабилизира снабдувањето од Блискиот Исток, се предупредува дека проблемите и прекините во руските рафинерии би можеле да ги одржат маржите високи.