Годините кога ќе кажеме ДОСТА Е!

Од третата деценија почнуваме да увидуваме дека не мора да има голем конфликт или момент кога ќе одлучиме да ги „исчистиме“ луѓето од нашите животи. Едноставно почнуваме поинаку да го мериме нашето време и енергија.

  • 3 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Годините се само бројка велат, но како созреваме се менуваме во секоја смисла, а со тоа се менува и нашето трпение за работите и луѓето околу нас.

На 20 години можеме да поминеме цела вечер со луѓе кои всушност не ни се допаѓаат, да останеме пријатели само затоа што се пријатели од училиште и да слушаме нечии проблеми со часови, да влегуваме во пресрет на сите и да бидеме достапни во секое време.

На 30 години приоритерите се менуваат, повеќе време ни треба за себе и фамилијата, повеќе енергија за работните обврски и остварување на професионалните амбиции, нетрпеливоста расте кон луѓето што ни ја земаат енергијата наместо да не исполнуваат.

На 40 години веќе сфаќаме дека можеме да се потпреме единствено на себе, фамилијата и на мал круг луѓе со кои можеме да минуваме низ сите ситуации што ги носи зрелоста.

На 50, е нешто друго…
По 50 година, за многу луѓе, не е толку важно колку луѓе имаат околу нив, туку како се чувствуваат кога се во друштво на тие луѓе.

Златните 30 – чистач на се што не е потребно

Од третата деценија почнуваме да увидуваме дека не мора да има голем конфликт или момент кога ќе одлучиме да ги „исчистиме“ луѓето од нашите животи. Едноставно почнуваме поинаку да го мериме нашето време и енергија.

Луѓе кои не исцрпуваат полека ги дистанцираме

Сите имаме периоди кога ни е тешко и ни треба некој да не сослуша. Проблемот се јавува кога врската функционира само во една насока со години. Средбите со таквите луѓе, честопати наместо блискот се претвораат во измачување.

Оние што постојано мора да ги спасувавме ни стануваат товар

Се скарале со партнерот, не им чини работата, потрошиле премногу пари на нешто што не им е потребно, предизвикале проблем, донеле лоша одлука. И некако, вие сте личноста која одново треба да најде решение. Да му помагаме на некој што го сакаме е сосема нормално. Но, постои голема разлика помеѓу помагањето и преземањето одговорност за животот на некој друг.

Постојаните критичари веќе се здодевни

„Ти го кажувам ова за твое добро.“
Реченица која секогаш е на граница помеѓу љубовта и оценката за се што правите. Како изгледаш, како се облекуваш, како ги воспитуваш децата, како ги трошиш парите…Зошто ја смени работата, зошто не ја смени работата?Зошто си сама, зошто не се мажиш? Зошто се уште си во брак?

На добрите пријатели им е дозволено да ни ја кажат непријатната вистина. Но, ако редовно почнувате да се преиспитувате откако ќе разговарате со некого, вреди да размислите дали таа личност навистина се грижи за вас или не.

Луѓе кои точно знаат кое копче да притиснат и да ви предизвикаат вина

Манипулацијата ретко изгледа како во филмовите. Многу почесто звучи вака:
„После сè што направив за тебе…“
„Ако навистина ти беше грижа, ќе дојдеше.“ „Не е важно, очекував вакво нешто од тебе.“ И одеднаш – чувствувате вина. Границата не мора да биде борба.

Понекогаш целата граница е една мирно изговорена реченица:„Не можам.”

Дали се препознавте себеси. Дали препознавте некој лик од горенаведените во вашето опкружување?

Најнови вести