Повеќето луѓе се свесни дека онлајн просторот им влијае лошо на расположението, без разлика дали е тоа поради предолгото ,,скролање”, читање, премногу расправии, коментари или едноставно премногу лоши вести.
Една од неодамнешните студии за користењето на интернетот и благосостојбата, објавена во Извештајот за Светска среќа 2026, од Оксфордскиот центар за истражување на благосостојбата и Галуп, сугерира дека навиката што има најголемо влијание врз расположението всушност воопшто не е лична. Станува збор за автоматската тенденција на луѓето да го прилагодат своето онлајн однесување на однесувањето на сите околу нив.
„Одржување чекор“
„Одржување чекор“ се однесува на рефлексното прифаќање на времето поминато онлајн, како почетна точка за проценка на она што се смета за нормално, здраво или очекувано ниво на онлајн активност. Авторите на Извештајот за светската среќа дојдоа до заклучок на ниво на популацијата дека еден час поминат онлајн може да биде безопасен, па дури и корисен за едно лице, додека за друго може постепено да ја еродира благосостојбата. Одлучувачкиот фактор е речиси целосно, колку е заситена социјалната средина на лицето со интензивна употреба на интернет.
Нереални споредби
Луѓето се повеќе го оценуваат квалитетот на својот општествен живот во споредба со своите врсници, дури и кога нивните вистински општествени интеракции не се промениле значително. Штетата честопати прво се појавува во начинот на кој луѓето го доживуваат сопствениот живот.
Различна возраст, различни онлајн навики
Во речиси сите земји опфатени со истражувањето, користењето на социјалните мрежи кај младите возрасни сега е речиси универзално. Она што им недостасува е група врсници во која интензивното користење на интернет не е вообичаена и која би можела да послужи како точка за споредба. За нив, практично повеќе не постои верзија на „нормален“ живот што не е силно поврзана со интернетот. Затоа, околината повеќе не обезбедува никаков природен механизам за ограничување на таквото однесување.
Од друга страна, повозрасните лица продолжуваат да живеат во поразновидни дигитални средини. Некои од нивните врсници се големи корисници на интернет, додека многумина не се. Како резултат на тоа, нивното лично користење на интернет има поголемо значење само по себе, без дополнителен притисок од целосно заситена група врсници.
Околината VS Телефонот
Поентата на статистиката не е дека секој треба да го остави телефонот, ниту дека времето поминато пред екран е главниот виновник. Клучниот фактор е околината, а не поединецот. Со други зборови, групите врсниците, семејството и кругот на пријатели со кои едно лице поминува време се подеднакво важни како и она што тоа лице го прави самостојно користејќи онлајн апликација.