Илјадници луѓе денеска се собраа во Мадрид на протестот „Марш за достоинство“, организиран од здружението „Sociedad Civil Española“, барајќи распишување предвремени парламентарни избори најдоцна до 15 ноември.
Демонстрантите изразија незадоволство од политиките на Владата на премиерот Педро Санчез, особено во однос на мигрантската криза во шпанската енклава Сеута, на северот на Африка.
Протестот почна околу 10 часот на плоштадот Сибелес, а учесниците се упатија низ централните улици на Мадрид до Триумфалната порта во Монклоа.
Поддршка за протестот дадоа опозициските Народна партија и Вокс, пренесува „Паис“.
Учесниците извикуваа пароли против Санчез и министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка, меѓу кои и „Марласка, предавник, брани ја својата нација“, како и навредливи пароли упатени кон премиерот и слоганот „Јас сум Шпанец“.