Стотици илјади луѓе го пречекаа папата Лав XIV во центарот на Париз, каде што се одржува голема миса на отворено.
Толпата со овации го поздрави папата Лав XIV додека со папамобилот се движеше по авенијата Шанзелизе, под Триумфалната капија, поздравувајќи ги присутните.

Поглаварот на Католичката црква застана на неколку места долж авенијата и благослови повеќе бебиња, додека од толпата одекнуваше „Лав, Лав“.
Се очекува на настанот во срцето на француската престолнина во сабота да присуствуваат повеќе од половина милион луѓе. За церемонијата е поставен посебен олтар на плоштадот Конкорд.