Црно море

ГРУБО КРШЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО: Радев за нападот со дронови во бугарските води

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По инцидентот во кој два цивилни трговски брода беа погодени во економската зона на земјата во Црно Море, бугарскиот премиер Румен Радев свика вонреден безбедносен состанок на владиниот врв.

Шефот на бугарската влада нагласи дека се преземени сите неопходни мерки за заштита на територијалните води, со цел да се оневозможи каков било безбедносен ризик за крајбрежјето и за виталните трговски коридори од кои зависи
снабдувањето на целиот регион.

,,Ова е апсолутно недозволив напад и
грубо кршење на меѓународното право и слободата на пловидба. Одамна предупредувам дека доколку не се стави крај на воените дејствија, сериозно се загрозуваат цивилните поморски патишта, но ние нема да дозволиме бугарскиот брег да бидезагрозен”, изјави премиерот на Бугарија, Радев.

Рано изутринава два трговски брода беа погодени од дронови од засега непознато потекло, при што едниот брод потона, а бугарските спасувачки служби ги евакуираа морнарите. Нападот се случи на околу 150 километри југоисточно од Варна. Едниот од бродовите, натоварен со жито, пловел под знаме на Того, а вториот под знаме на Палау.

Најнови вести