Во Собранието доделена државната награда „23 Октомври” за 2026 година. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата и образованието, како и за придонес во заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно- историското наследство од јавен интерес за државата.
Престижната награда „23 Октомври“ годинава им припадна на актерот Ѓорѓи Јолевски во областа на културата и уметноста, како и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс во областа на науката.
Тројцата лауреати, иако доаѓаат од различни професионални сфери, ги поврзуваат долгогодишната посветеност, истражувачкиот дух и творечката работа, со кои оставиле значаен белег во македонското научно и културно наследство.