Студентите објавија дека и денеска ќе се одржат собири во Белград и Нови Сад.
Собирот во Белград е закажан на плоштадот Славија во 19:00 часот, додека во Нови Сад ќе се одржи собир во универзитетскиот кампус, со почеток во 18:00 часот.
„Нека пее цела Славија, нека се заигра оро“, напишаа во објава на Фејсбук.
На собир на граѓаните повикаа и членовите на Мрежата на граѓански собранија на Нови Сад, кои ги повикуваат граѓаните да се соберат пред зградата на Бановина во 19:00 часот, пренесува Данас.
Во Србија вчера, по речиси две години масовни студентски и граѓански протести, се одржаа парламентарни избори, на кои победи „Студентската листа – Студентите победуваат“.
Низ цела Србија, граѓаните синоќа ја славеа победата на Студентската листа.