Во голем пожар во воената база во канадскиот град Вејнрајт загинале седум лица, десетици се ранети, соопшти денеска локалната општинска управа на градот.
Соопштено е дека пожарот бил предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на ставање на огнената стихија под контрола, пренесува CNN.
Пожарот избувнал во воената база во Вејнрајт, град во источниот дел на канадската провинција Алберта, и брзо се проширил поради силниот ветер, соопштија локалните власти во објава на Фејсбук.
Повикот за помош пристигнал околу 16 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана, Дејвид Мекгинти, потврди дека има загинати и повредени, без да наведе дополнителни детали.