ЈАБОЛКО
Во 100 грама јаболко има 52 до 57 калории, и од 2 до 3 грама растителни масти, а само 15 грама јагленихидрати.
ДОМАТИ
Просечниот домат содржи само околу 22 калории. Богат е со антиоксиданси, а ниската калорична вредност се должи на високата содржина на вода. Доматите се омилена храна во летниот период и тие совршено се вклопуваат во секое јадење, но најчесто се користи при подготовка на сосови и во салати.
ЈАГОДИ
Јагодите се одличен избор кога ви се јаде нешто слатко, но сакате да внесете малку калории. Една шолја свежи јагоди (околу 152 грама) содржи само 50 калории, а истовремено е богата со вода и хранливи материи.
КРОМИД
Кромидот е одличен избор за оние кои сакаат да внимаваат на внесот на калории. Сите видови кромид имаат релативно ниска калорична вредност. 100 грама свеж кромид содржи околу 40 калории, додека еден средно голем кромид има приближно 44 калории. Не само што има многу малку калории, оваа намирница е и добра за јакнење на имунитетот.
БЕЛИ ШАМПИЊОНИ
Белите шампињони се вкусна и хранлива намирница со многу малку калории. Една шолја свежи шампињони, односно околу 70 грама, содржи само 15 калории, што ги прави одличен избор за лесен оброк или ужина.
МОРКОВИ
Една шолја сечкани свежи моркови (околу 128 грама) содржи само 52 калории. Морковите се одличен извор на бета-каротен, кој организмот може да го претвори во витамин А, важен за нормалниот вид и имунолошкиот систем.