МАКЕДОНИЈА ПРОСЛАВИ 35. ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: 50.000 луѓе на спектаклот на Дејвид Гета

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Одбележувањето на 35-годинишнината од независноста на Македонија, вчера беше заокружено со спектакуларен концерт на светската музичка ѕвезда Дејвид Гета во Скопје.

Пред околу 50 илјади луѓе, на Националаната арена „Тодор Проески“, Гета го приреди сценскиот перформанс „The Monolith Stadium Show“, придружен со впечатливи визуелни елементи.

Вечерта започна со настапите на „Семпре“ и „диџеј Никофор“, кои ја подигнаа атмосферата и ја подготвија публиката за главниот дел од програмата.

Настапот на Давид Гета беше дел од одбележувањето на Денот на независноста, кое годинава се одвиваше под мотото „Силно светнал ден“.

Во рамки на прославата за 35 години независност на Македонија, на 1 септември во Скопје концерт одржа и светски познатиот тенор Хосе Карерас заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија, а на 4 септември се одржа мултимедијалниот сценски спектакл, кој го заокружи своето патување во државата со настап на повеќе од 120 артисти.

Карванот „Силно светнал ден“ почна од Охрид на 9 август и посети 12 града во земјата. Во неговата реализација учествуваа познати македонски музички изведувачи и актери.

Музичката програма во чест на 35 години независност на Македонија беше подготвена од „Авалон продукција“ во соработка со Владата.

Најнови вести