Во пресудните години од распадот на Југославија, иднината на Македонија се решаваше и зад затворените врати на Сојузното претседателство во Белград. Таму, како македонски претставник, Васил Тупурковски беше директен учесник во политичките битки од кои зависеше дали Македонија ќе тргне по патот на самостојноста.
Во интервју за РЕПЕР, Тупурковски се навраќа на турбулентниот период пред осамостојувањето, на судирите меѓу републиките и српското раководство, но и на разговорите и притисоците со кои се соочувала Македонија во моментите кога се кршеше иднината на Југославија.
Тој открива што им било кажано на македонските претставници при посетата на Слободан Милошевиќ и Борисав Јовиќ во Македонија и какви предупредувања стигнале од Белград доколку земјата се определи за целосна самостојност. Според Тупурковски, и покрај притисоците, одлуката била јасна: „Патот ни е определен со референдумот и немаме друг избор.“
Но, 35 години по референдумот, Тупурковски со критичка ретроспектива. Смета оти Македонија ги пропуштила шансите за посилен економски развој.
РЕПЕР: Во клучните денови на независноста бевте македонски претставник во колективното претседателство на се уште постоечката СФРЈ во Белград. Како беше во тоа време, кога фактички вашиот глас го предодреди патот на независноста на денешна Македонија?
ВАСИЛ ТУПУРКОВСКИ: Времето е навистина историско и од прилика 1989, 1988 и 1990 година се случуваа овие работи. Во првите години имавме значајни проблеми во Југославија и Македонија ги делеше затоа што беше момент
кога се распаѓаше земјата и требаше да се донесат историски одлуки. Во Белград во Претседателството имавме судири околу независноста, суверенитетот на државите, на бившите републики и тука се водеше голема битка, меѓу Словенците, Хрватите и нас Македонците кои се боревме за самостојност и независност и српската групација што бараше нова федерација или проширена федерација таканаречена четворна федерација. Во големите битки во сојузното Претседателство имаше инциденти како што беа веќе воени дејствија, на разни квази војски и национални гледање на овие проблеми и во тие услови поприлично тешко Македонија се избори за својата независност заедно со Хрватите и Словенците. На референдумот на 8 септември, баш на овој ден, Македонија изгласа, народот изгласа, да биде независна и самостојна држава. Србите се спротивставија, но не бевме под тој притисок како што беа Хрватите и Србите затоа што на 9 јануари 1990 година дојдоа во Македонија, Милошевиќ и Јовиќ прв член на Претседателството претседателот на српското Претседателство и со умерени зборови ни кажаа дека треба да оптираме за таа четворна федерација, затоа што ќе имаме големи проблеми и ги нагласија двата проблеми во Македонија. Едното е тоа што имавме економија која навистина се потпираше врз југословенската и српската посебно затоа сега ќе си отидеа Словенците и Хрватите и второ е албанското прашање кое што ќе беше крваво во Македонија како што беше 1989 година.
Во тие услови ние кажавме дека патот ни е определен со референдумот и дека немаме друг избор, а Србите се согласија. Во тие услови се создаде македонската независност оптиравме за самостојност на државата. Тоа е значаен момент бидејќи се работеше за историска одлука за слобода на Македонија, ова е референдум што ја означи слободата на Македонија, не дека претходно не бевме, но претходно имаше други конкретни проблеми што требаше да се решаваат.
РЕПЕР: Koe e вашето мислење за денешната независност и дали тоа ги оправда вашите очекувања, со оглед дека во тоа време бевте еден од клучните актери кои дадоа голем придонес во осамостојувањето на Македонија.
ВАСИЛ ТУПУРКОВСКИ: За жал мора да се каже и вистината за Македонија во овој период, историјата на Македонија е многу важна во овој период. Станавме независна држава, самостојна и суверена ама дали ја оправдавме, не сум сигурен толку и се така мислам дека ги пропуштивме приликите во овие 35 години Македонија да застане на здрави економски нозе и да оди понатака со големи чекори. Ние пропаднавме во економска смисла, тоа се гледа и денеска, сиромаштијата владее во Македонија, народот не живее добро и една од клучните работи тука е поделбата на народот во политиката. Таа поделба ја краси или ја носи Македонија со себе од секогаш во нејзината историја. Кога биле големи поделбите во Македонија и кога настапиле партии и служби на туѓи интереси, таква е дури ситуацијата мислам и денеска. Тоа е клучно прашање за Македонија. Второто е меѓуетничките односи и односите со Албанија, прво се предлагаше уште во 1992 година тоа е сосема после осамостојувањето, Македонија јас ја гледав како земја во која што ќе владее демократија и ќе почнат културни етнички процеси меѓу народите. Дојде до големи паѓања на тоа поле и Македонија од тогаш натаму веќе 30 години ја тресат меѓунационалните односи и различни притисоци кои што доаѓаат од едната и од друга страна. Тоа е веќе проблематично за оваа земја, затоа што и меѓународните односи не ни одговараат бидејќи и тука трпиме притисоци како што се со Бугарија, со Грција и на тоа поле во Македонија сеуппте ќе доаѓаат непознаници за оваа земја и за нејзината безбедност и сигурност.
Јас се надевам дека ќе најдеме сила како народ, пред се како народ не како партии политички и други, да ги видиме овие проблеми, самите да и погледнеме во очите на вистината и да одиме по пат на заедништво и развој, заедно сите во Македонија.
РЕПЕР: Дали доколку бевте дел од власта низ годиниве би промениле нешто по однос на нашиот развој на независноста како држава?
ВАСИЛ ТУПУРКОВСКИ: Независноста е голема историско прашање за секоја земја па беше и за Македонија. Ние ги донесовме нашите одлуки на почетокот на 90 години и успеавме до сега да завршиме важни компоненти од независноста, слободата, економскиот развој, демократијата. Меѓутоа морам да кажам дека имаме големи слабости во развојот на Македонската држава и македонската демократија и некои компоненти се неизбришливи од она што беше позитивно имаат негативна конотација. На пример корупцијата, националното прашање, односите со Албанците и значајно лошата приватизација што беше остварена во Македонија, настапи сиромаштија итн. Тие моменти се наша понатамошна голема обврска, не гледам дека се залагаме со цела снага и душа за тоа, бидејќи и натаму владее корупција, поделбата е голема во македонското општество на политички партии и тоа сега ги загрозува понатамошните перспективи на Македонија.