Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Преку ова претставување се истакнува историската поврзаност на македонскиот простор со различни цивилизации и култури, како и долгата традиција на интелектуална и културна размена со арапскиот свет.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Почнува 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, на кој земјава годинава е почесен гостин и партнер.

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Северна Македонија на посетителите им презентира богато и повеќеслојно културно наследство, како и современа книжевна продукција.

На националниот штанд се изложени оригинални ракописи од збирката „Ориенталистика“ на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, меѓу кои ракописи постари од 600 години, артефакти од националното културно богатство од Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, како и изданија од современата македонска литература и преводи од арапски на македонски јазик.

Настанот ја истакнува историската поврзаност на македонскиот простор со различни цивилизации и култури, како и долгата традиција на интелектуална и културна размена со арапскиот свет.

Програмата на саемот опфаќа книжевни и културни разговори, панел-дискусии, уметнички настапи и презентации на традиционалната култура, со цел на посетителите од арапскиот и меѓународниот свет да им се доближат литературата, јазичната и културната разновидност и уметничкото наследство на Балканот.

Најнови вести