Финансии

Народна Банка смирува: Одземањето на дозволата на ,,Алта Банка” во Србија не значи автоматски одземање на дозволата на ,,Алта Банка” Битола

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Народна Банка ја смирува јавноста во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград.

Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола.

Од НБРМ велат дека домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка, Народна банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби.

Од институцијата додаваат дека, во рамките на законските надлежности, соодветно постапуваат и соработуваат со надлежните домашни и странски институции, притоа почитувајќи ги законските правила за доверливост на супервизорските информации.

Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации.

Најнови вести