Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на извештајот на Европската комисија за 2026 година.
На панелот насловен „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ ќе учествуваат министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-амбасадорот на Делегацијата Европската унија во Скопје, Бен Нупнау.
Модератор на панел дискусијата е владината портпаролка Марија Митева.
Инаку, премиерот Христијан Мицкоски, вчера оцени дека во годинешниот извештај нема ниту една оценка за назадување.
-Имаме подобар извештај од минатата година, а Европската комисија констатира значителен напредок во спроведувањето на нашата Реформска агенда и нè вбројува меѓу земјите со најдобри резултати во рамките на европскиот Инструмент за реформи и раст, рече Мицкоски.