Течат подготовките за Европската престолнина на културата- Скопје 2028, објавени два повика

Јавен повик за „Скопски Приказни“ - Собирање, документирање и зачувување на приказните, сеќавањата и личните искуства поврзани со Скопје и за ,,Мапирање"на локации, објекти и простори за програмата „Скопје 2028".

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″ објави два јавни повика насловени Мапирање и Скопски приказни.

Мапирање” – локации, објекти и простори за програмата „Скопје 2028″.

„Скопски приказни“ – со кои се повикуваат граѓаните да придонесат за откривањето и документирањето на културниот потенцијал и меморијата на градот.

Повикот „Мапирање“ е отворен за сите кои го познаваат Скопје и сакаат да предложат место кое има потенцијал за културна или уметничка употреба. Предложените локации ќе бидат разгледани и систематизирани, со цел да се создаде регистар и дигитална мапа на потенцијални културни места во Скопје. Мапата ќе им користи на уметниците, културните организации и институции, идни предлагачи на проекти, локални заедници, истражувачи и граѓани.

Со повикот „Скопски приказни”, Фондацијата сака да ја собере и зачува живата меморија на градот. Приказните можат да се достават како текст, фотографија, аудио, видео, интервју или друг материјал.

Фондацијата планира да избере најмалку 200 „Скопски приказни“, кои ќе бидат архивирани и ќе послужат како инспирација за идни уметнички и културни проекти. Селектираните приказни ќе бидат откупени, а потоа преку нов јавен повик ќе бидат понудени на уметничката и креативната јавност за нивна уметничка интерпретација и претставување како дел од Програмата на Европската престолнина на културата – Скопје 2028.

„Скопје 2028 – Европска престолнина на културата”, голема можност за градот- став на градскиот татко

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски извршив увид во градежните активности на Универзална сала, која по завршувањето на реконструкцијата треба да му биде предадена на управување на Град Скопје и повторно да ги отвори вратите за уметниците и публиката.

Градоначалникот се сретна со министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, со кого било разговарано за заедничките приоритети во културата и за зајакнување на соработката меѓу Град Скопје и Министерството.

„Пред нас е голема можност и уште поголема одговорност – „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата”. Ова признание треба да остави трајна вредност за градот, како обновени културни простори, поголема поддршка за творештвото и култура достапна за секој граѓанин.Токму затоа, посебно внимание посветивме на подготовките за 2028 година, мапирањето на локациите и културните капацитети, унапредувањето на туристичките потенцијали и поефикасното поврзување на градските и националните
установи од областа на културата. Универзална сала е дел од душата на Скопје. Симбол на солидарноста што го подигна нашиот град и дом на спомени што ги поврзуваат генерациите. Во неа растеа таленти, одекнуваа аплаузи и се испишуваа едни од најубавите страници на скопската културна приказна. Наша заедничка цел е да и ги вратиме сјајот и значењето што ги заслужува. Повторно да биде место на средби, емоции и културни настани со кои ќе се гордееме”, вели иградоначалникот Ѓорѓиевски.

Најнови вести