Малите тајни на винариите

Светски ден на портокаловото вино

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Иако постои уште пред речиси 6.000 години во Источна Европа, техниката за правење портокалово вино е повторно откриена.

За разлика од најновите трендови што се применуваат во производството на пиво, портокаловото или пак килибарното вино ја добива својата боја природно. И покрај не толку големата застапеност, портокаловото вино се појавува на винските саеми.

Ферментирано од бело винско грозје, портокаловото вино се развива преку поголем контакт со лушпата за време на процесот на ферментација кој трае со денови, дури и месеци, што е потипично за црвените вина. Портокаловите вина се обично суви поради времето што лушпите од грозје се во контакт со сокот. Овој пијалак одлично оди со зрели сирења, зачинети и богати вкусови на храна.

Националниот ден на портокаловото вино се одбележува на шести октомври од 2018 година, на инцијатива на The Real House Wine, а со цел да се подигне свеста кај јавноста за овој помалку познат стил на вино.

The Real House Wine е приватна компанија, основана од Аманда Клер Гудвин, сертифициран сомелиер и вински писател со седиште во Њу Џерси.

Терминот портокалово вино го измислил британскиот увозник на вино, Дејвид А. Харви, во 2004 година.

Најнови вести