Фајн-дајнинг

Љубезноста на келнерот е најважна, а најдобриот маркетинг е „уста на уста“: Даутовиќ за РЕПЕР открива важен протокол

  • 3 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Фајн-дајнингот не е само храна, туку целосно искуство. За основните стандарди и детали за услугата на кои се инсистира кај персоналот за гостинот да се чувствува посебно, РЕПЕР разговара со Асан Даутовиќ, Food and Beverage Manager – менаџер за храна и пијалаци, менаџер на ресторан и меѓународен судија во делот на послужувањето.

-Основни стандарди и детали за фајн дајнинг се дефиниција за врвна прецизност, елеганција и луксуз. Почнувајќи од поставувањети на масата со прецизна симетричност, полирање на приборот, чиниите, чашите до максимајна сјајност и чистота. Потоа многу важна работа- протоколот за послужување и расчистување, вели Даутовиќ и го открива истиот.

• правило за насока (послужување од десна расчистување од лева трана, движење на келнерот во смер на сказалките на часовникот)
• отворена страна или рака
(никогаш раката на келнерот не треба да се најде пред самиот гостин додека се служи за да не дојде до засметување)
• хиерархија на послужување (секогаш се почнува од најстарата дама па останатите гости секако ако нема деца на масата, ако има се почнува од децата и на крај домаќинот на масата)
• синхронизирано послужување
• рачистување на масата без бучава
• почитување на тајмингот за послужување на секој нареден корс (следна чинија)
• контола на брзината на служење што го диктира расположението на масата а не кујната.
• однесување и презентација на самиот келнер (експертско познавање на келнерот за сите намирници во менито, начинот на приготовка на јадењето и спарување на истото со чаша вино)
• дискретен говор на телото на самиот келнер
• личната хигиена на келнерот и секако изгледот
• И НАЈВАЖНОТО ОД СЕ- ЉУБЕЗНОСТА И НАСМЕВКАТА НА КЕЛНЕРОТ.

Кога сите овие работи ќе ги употребите на едно фајн дајнин послужување тогаш успехот е неизбежен.

РЕПЕР: Како го градите односот со редовните гости и како се справувате со високите очекувања?

-Градењето на односот со редовен гостин е клучот на еден успешен ресторан, бидејќи постојаните гости се амбасадори на самиот ресторан со најдобриот маркетинг „уста на уста“.

Тука се доста фактори кој придонесуваат самиот гостин да се почувствува пријатно и да се враќа постојано.

• персонализацијата (обраќање по име)
• помнење на омиленте јадења и пијалаци на самиот гостин, омилена маса и секако прашањето што секој стален гостин го обожава „КАКО И ОБИЧНО?”
• стандардизација на вкус, квалитет
• доверлив персонал и дискреција кои се стекнуваат од страна на келнерите, бидејки самите гости се приврзуваат кон келнерите
• прославување на некои важни датуми
• информирање на самиот гостин за новитети
• издавање на попуст или ставање во лојалти програма
• приоритети при резервација
• дискретни гратиси без доведување на непријатно чувство и навреда
• и најважно од се брзо решавање на грешките од страна на ресторанот

Што повеќе имате редовни гости- имате повеќе маркетинг, потенцира Даутовиќ за РЕПЕР.

Најнови вести