Цената на суровата нафта Брент денеска порасна на речиси 110 долари за барел, додека европските берзански индекси бележат неуедначени движења.
Инвеститорите ги следат кварталните деловни резултати на компаниите, како и политичката ситуација во Франција, која влијае врз растот на приносите на државните обврзници.
Цената на нафтата Брент во 9:30 часот порасна за 0,89 отсто, достигнувајќи 109,779 долари за барел. Американската лесна нафта WTI поскапе за 0,83 отсто и се тргуваше по цена од 98,634 долари за барел.
Според аналитичарите, се очекува добивката на компаниите од паневропскиот берзански индекс STOXX 600 да порасне за околу 20,7 отсто во третиот квартал од 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, пренесува Ројтерс.