Јеменските Хути објавија дека собориле борбен авион Ф-15 на Саудиска Арабија. Според непотврдени информации кои кружат на социјалните мрежи, заробени се двајца пилоти.
Исто така, се тврди дека борбениот авион бил соборен со импровизирано оружје на Хутите, кои дејствуваат во Јемен и се борат против силите што ги поддржува Саудиска Арабија.
Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Саудиска Арабија ги советуваше американските граѓани да „го преиспитаат патувањето“ во Саудиска Арабија поради ризикот американските објекти и граѓани да бидат мета на терористички напади од јеменските Хути.
Милитантната група во последните неколку дена изврши повеќе напади врз Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен и нејзините воени сили.