Министри и ЕУ-претставник на иста маса

ШТО Ѝ ЗАБЕЛЕЖУВА БРИСЕЛ НА МАКЕДОНИЈА? Владата отвора дебата за извештајот на ЕК

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на извештајот на Европската комисија за 2026 година.

На панелот насловен „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ ќе учествуваат министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-амбасадорот на Делегацијата Европската унија во Скопје, Бен Нупнау.

Модератор на панел дискусијата е владината портпаролка Марија Митева.

Инаку, премиерот Христијан Мицкоски, вчера оцени дека во годинешниот извештај нема ниту една оценка за назадување.

-Имаме подобар извештај од минатата година, а Европската комисија констатира значителен напредок во спроведувањето на нашата Реформска агенда и нè вбројува меѓу земјите со најдобри резултати во рамките на европскиот Инструмент за реформи и раст, рече Мицкоски.

Најнови вести