(ВИДЕО) Редици пред ,,Алта банка” во Нови Сад, граѓаните во паника за своите пари

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Редица граѓани во Нови Сад утринава чeкаат пред филијала на „Алта банка” да си ги повлечат парите, откако Народна банка на Србија објави дека и ја оддзема дозволата на банката и таа оди во стечај.

„Алта банка” е во целосна сопственост на компанијата „Алта груп” д.о.о., која, пак, е во стопроцентна сопственост на
српскиот бизнисмен Давор Мацура.

Историјата на „Алта банка” а.д. Белград чија дозвола утринава беше одземена, е тесно поврзана со трансформацијата на поранешната Југословенска банка за меѓународна економска соработка, но и со деловниот подем на српската „Алта група”, која од бизнис со менувачници прерасна во деловен систем со интереси во банкарството, осигурувањето, градежништвото, недвижностите и угостителството.

Најнови вести