Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Во недела комеморативна прошетка и собир кај Железничката станица

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Утре се одбележуваат две години од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница и загинаа 16 лица.

Комеморативниот собир ќе се одржи пред Железничката станица со почеток во 11:52 часот, во времето кога се случи несреќата.

Предвидена е и комеморативна прошетка. Учесниците ќе се соберат на три локации – кај Медицинскиот факултет, во Лиманскиот парк и кај Варадинскиот мост, од 9:30 часот. Прошетките ќе започнат во 10 часот, а трите колони ќе се спојат на раскрсницата кај Футошката пијаца, од каде заедно ќе продолжат кон Железничката станица.

Студентите преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да присуствуваат на комеморативниот собир и заеднички да го зачуваат споменот на загинатите.

Настрешницата на Железничката станица се урна на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот. Во трагедијата загинаа 16 лица, а една млада жена беше тешко повредена.

Несреќата предизвика бран студентски блокади и граѓански протести низ Србија, на кои се бараа утврдување на одговорноста за трагедијата и борба против корупцијата.

Во меѓувреме, обвинение беше поднесено против 13 лица поради сомнение за кривични дела поврзани со уривањето на настрешницата. Од трагедијата досега, граѓаните во Нови Сад и другите градови редовно им оддаваат почит на жртвите во 11:52 часот.

Најнови вести