ДРАМА ВО ДАБЛИН: Дојава за бомба го евакуираше ирскиот јавен сервис – полицијата ги пребарува зградите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Зградите на ирскиот јавен радиодифузен сервис RTÉ во Даблин денеска се евакуирани поради дојава за поставена бомба, која била испратена по електронска пошта до оваа медиумска куќа, како и до десетици други медиуми во Ирска и Велика Британија.

Вработените и водителите се евакуирани од објектите во комплексот Донибрук, а припадници на ирската полиција (Гарда) се на местото на настанот и вршат претрес на зградите.

RTÉ од претпазливост премина на емитување однапред снимена програма.

Најнови вести