ДРАМА НА ЛЕТ НА „ЈУНАЈТЕД ЕРЛАЈНС“: Патник тврдел дека има бомба – авионот со 52 лица итно го пречекала полиција

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Маж на возраст од 34 години е уапсен откако за време на лет на авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“, од Њуарк кон Њу Орлеанс, им рекол на членовите на екипажот дека има бомба. Информацијата ја соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон.

Авионот од типот „Боинг 737 Макс 9“, во кој имало 46 патници и шест членови на екипажот, безбедно слетал на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекале полициски службеници.

Како што пренесува агенцијата АП, осомничениот бил уапсен без инциденти.

Според надлежните, патникот за време на вечерниот лет почнал да се однесува нерационално, по што изјавил дека поседува бомба, предизвикувајќи безбедносен инцидент во авионот.

По апсењето, 34-годишниот маж бил префрлен во Казнено-поправниот центар на округот Џеферсон, каде што бил евидентиран под обвинение за ширење лажни информации за планирано подметнување пожар и предизвикување страв.

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) најавила истрага за инцидентот.

Од авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ потврдиле дека авионот безбедно слетал по инцидентот предизвикан од еден од патниците.

Идентитетот на уапсениот засега не е објавен, а од Канцеларијата на шерифот не соопштиле дополнителни детали за случајот.

Најнови вести