Евроинтеграции

ДУХОВИТЕ НА БАЛКАНОТ: Територијалните прашања проблем и за Црна Гора

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја предупреди Црна Гора дека нема затворање на преговорите со Европската Унија без договор за границата. Пленковиќ порача дека Црна Гора треба ги прифати начелата на Бадинтеровата комисија за утврдување на копнената граница меѓу двете земји.

На црногорската страна веќе и е доставен предлог-договор за копнената граница и Загреб очекува начелата на Бадинтеровата комисија да бидат прифатливи за Подгорица.

Загреб и претходно инсистираше на решавање на сите отворени прашања со Црна Гора пред да ја поддржи нејзината интеграција во Европската Унија.

Меѓу спорните прашања се и спомен-плочата во поранешниот логор Морињ, како и името на базенот во Котор што го носеше името на Зоран Гопчевиќ, поранешен чувар во логорот. Црногорските власти на 20 октомври решија да го сменат името на базенот, а подоцна одобрија и поставување спомен-плоча на местото на поранешниот логор.

Сепак, прашањето за разграничувањето меѓу двете земји останува нерешено.

Најнови вести