Денеска е вториот ден од конститутивната седница на Собранието на Србија. Пратениците се состануваат откако вчера парламентот беше конституиран со полагање заклетва и потврдување на пратеничките мандати.
Седницата полна со минута молк за пилотот на Војската на Србија, кој вчера загина при падот на авионот МиГ во околината на Белград.
Во салата се присутни сите 128 пратеници. Ново барање за обраќање побара Александар Вучиќ кој вчера на говорницата зборуваше повеќе од час и половина.
„Требаше да реагирате на уличарскиот, примитивен речник на шефот на пратеничката група на Студентската листа. А ова што го смислија луѓето кои немаат што да понудат…“, рече Вучиќ.
Обраќајќи му се на Раденовиќ, Вучиќ изјави дека не сака да губи.
„Посакував победа за ваквите да не дојдат на власт“, рече Вучиќ кој и денеска зборуваше 40 минути.
Најмладата пратеничка во новиот состав на Собранието на Србија, Сара Валентиќ од Студентската листа, пред денешното продолжение на конститутивната седница изјави дека очекува поефикасна работа по изборот на новиот претседател на парламентот, за која функција е предложен Александар Чупиќ, бидејќи тогаш ќе се инсистира на почитување на Деловникот за работа.