Воен авион на српската армија се урна на нива во близина на градот Стара Пазова, во покраината Војводина. Според српските медиуми, во несреќата загинал пилотот.
Станува збор за МиГ-29 од составот на 204. воздухопловна бригада, стационирана на аеродромот во Батајница.
Засега нема официјални информации за причината за падот на авионот.
Министерството за одбрана објави дека се формирани две комисии, едната ќе ги испитува околностите на несреќата и евентуалната одговорност во воената организација, додека стручна комисија на военото воздухопловство треба да ги утврди причините за падот.