По три дена расправа

Александар Чупиќ од студентската листа е избран за претседател на Собранието на Србија: Во тек е расправата за избор на шест потпретседатели

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пратениците пред паузата го избраа Чупиќ за претседател на парламентот, а во продолжението на работата ќе расправаат за третата точка од дневниот ред, односно за изборот на потпретседатели на Народното собрание.

На дневен ред се и именувањето на генералниот секретар на Народното собрание, изборот на членови на работните тела и изборот на парламентарни делегации во меѓународните институции.

Александар Чупиќ е роден во 1978 година во Прокупље. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Сообраќајниот факултет.

Тој е доцент на Сообраќајниот факултет при Универзитетот во Белград, на Катедрата за поштенски сообраќај и мрежи.

Се занимава со повеќекритериумско одлучување, примена на метахеуристички методи и оптимизација во поштенскиот сообраќај и логистиката, се наведува на веб-страницата на Студентската листа – „Студентите победуваат“.

Автор и коавтор е на повеќе научни трудови, член е на организацискиот одбор на симпозиумот ПосТел и учествувал на повеќе меѓународни конференции.

Од 2017 година успешно се занимава со органско производство на овошје и зеленчук.

Чупиќ ги соопшти имињата на кандидатите за потпретседатели на Собранието на Србија

Претседателот на Собранието на Србија денеска, во продолжението на конститутивната седница, ги прочита имињата на кандидатите за шест потпретседатели на српскиот парламент.

 

Најнови вести