Грција ќе го зголемува данокот на имот за купувачи надвор од ЕУ

Граѓаните на земји кои не се членки на Европската Унија значително поскапо ќе ги плаќаат становите во Грција.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Грчката влада планира од први јули 2027 да го зголеми данокот на промет на недвижности за купувачи од земји надвор од ЕУ и ќе се однесува исклучиво на становите, а не на друг недвижен имот како деловен простор, или на купувањето земјиште.

Предвидено е стапката да биде зголемена од сегашните 3 насто на 15 проценти. Мерката ќе се однесува на трансакции од страна на физички лица.

Надлежните очекуваат дека оваа мерка ќе помогне да се ограничи влијанието на странската побарувачка врз цените и да се направи домувањето подостапно за Грците.

Се уште не е јасно како новите правила ќе се применуваат за државјани на трети земји кои имаат постојан престој во Грција, за мешани семејства и за заеднички купувања.

Предлогот веќе покренува прашања како мерката ќе влијае врз цените, со оглед на тоа што на пазарот сè уште има значителен обем на непродаден имот. Друго можно решение за проблемот со достапноста е зголемување на обемот на новоградби.

Најнови вести