Не е лек, но може да помогне: Овие намирници се добри за крвниот притисок

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Јадењето околу една шака јаткасти плодови дневно е поврзано со 20 отсто помал ризик од развој на висок крвен притисок, покажува нова анализа.

Иако истражувачите утврдиле дека поголемата консумација на јатки е поврзана со помал ризик од хипертензија, студијата не докажува дека нивното јадење директно го спречува високиот крвен притисок.

Експертите сепак велат дека несолените варијанти се подобар избор поради помалиот внес на натриум, а јадењето околу една шака дневно може да биде поврзано со помал ризик од развој на висок крвен притисок, покажува истражувањето.

Но, еве кои се придобивките од јаткастите плодови. Дел од нив содржат различни хранливи материи кои можат да придонесат за здравјето на кардиоваскуларниот систем, меѓу кои: влакна, незаситени масти магнезиум и калиум, витамини Е, К, Ц и неколку витамини од групата Б
протеини од растително потекло.

Истражувањата покажуваат дека овие хранливи материи можат да помогнат во одржувањето на здрав крвен притисок.

Магнезиумот, на пример, може да делува како природен блокатор на калциумовите канали, помагајќи им на крвните садови да се опуштат и прошират. Тоа може да придонесе за намалување на крвниот притисок.

Калиумот, исто така, може да помогне во регулирањето на крвниот притисок така што ги намалува ефектите на натриумот и ја ублажува напнатоста во ѕидовите на крвните садови.

Најнови вести