(ВИДЕО) Вучиќ го угости Орбан во Белград: „Ги загубивме изборите, но не и достоинството и гордоста“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Лидерот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, денеска во Белград го угости поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, и порача дека, иако двајцата неодамна ги загубиле изборите, не ги загубиле достоинството, гордоста и вербата.

„Многу ми е драго што можам да го угостам Виктор Орбан, мојот голем пријател, мојот брат. Убаво ќе си поминеме овде, во куќата на мојот татко, недалеку од Белград. И да, двајцата неодамна ги загубивме изборите, но не ги загубивме достоинството, гордоста ниту вербата. Добредојде, Виктор“, рече Вучиќ во видеообраќање објавено на неговиот Инстаграм-профил.

Тој го заврши обраќањето со зборовите: „Ќе се вратиме“.

Орбан му се заблагодари на Вучиќ за поканата и истакна дека му е многу драго што е негов гостин.

Најнови вести