ПИСА: Алармот е вклучен, пад на резултатите по читање и математика

Програмата за меѓународно оценување на учениците, попозната како ПИСА, е глобално истражување кое мери колку добро 15- годишните ученици можат да ги применат знаењата и вештините во читањето, математиката и науката во ситуации од реалниот живот.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Извештајот ПИСА 2025, објавен од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), покажува дека земјава останува меѓу послабо рангираните образовни системи во Западен Балкан, со резултати под просекот по математика, читање и природни науки.

Резултатите на Македонија во бројки

Учениците во Македонија постигнале 369 поени по математика, 342 поени по читање и 378 поени по природни науки. Основно ниво на знаење покажале околу 32 насто од учениците по математика, 26 проценти по читање и околу 36 насто по природни науки.

Целиот регион е под просекот на ОЕЦД

Ниту еден образовен систем во Западен Балкан не го достигнува просекот на ОЕЦД. Србија останува пред Македонија, но бележи пад во однос на претходниот циклус. Учениците таму постигнале 417 поени по математика во 2025 година, наспроти просекот на ОЕЦД од 463 поени, пад од 440 поени во 2022 година. Сепак, значителен дел од учениците останале под минималното ниво на знаење: 53 насто по математика, 48 проценти по читање и 43 насто по природни науки, повисок процент отколку што е просечно меѓу земјите на ОЕЦД.

Албанија и Косово во 2022 година бележеа послаби резултати од Македонија по математика и природни науки, додека Србија и Црна Гора беа над регионалниот просек во сите три подрачја.

Меѓу ретките позитивни поместувања во регионов е Црна Гора, наведена меѓу земјите чиј резултат по природни науки се подобрил во периодот од 2015 до 2025 година, според ОЕЦД.

Глобално, постигнати се најниски резултати досега

Проблемот не е ограничен на Балканот. Според официјалното соопштение на ОЕЦД, просечниот резултат по читање во земјите членки паднал за 28 поени во периодот од 2015 до 2025 година, а по математика за 22 поени. Секој петти 15- годишник во државите на ОЕЦД има слаби резултати по природни науки, математика и читање, наспроти 16 насто во 2022 година.

Најнови вести