Министерството за надворешни работи на Хрватска соопшти дека во утринската несреќа на автобус со српски регистарски таблички, на автопатот А3 во Хрватска, загинале две лица – едно лице со хрватско државјанство и едно со црногорско државјанство, пренесува РТЛ Данас.
Претходно, привремената вршителка на должноста во Амбасадата на Србија во Хрватска, Дејана Перуничиќ, изјави дека двете лица кои утрово загинале при превртувањето на автобусот на автопатот кај Иваниќ-Град не се државјани на Србија.
„Министерството за надворешни работи на Република Хрватска официјално нè извести дека меѓу загинатите нема државјани на Србија“, изјави Перуничиќ пред новинарите, додавајќи дека во тој момент немала информации за државјанството на загинатите, пренесува Хина.