Секојдневно, илјадници луѓе го почнуваат денот со кафе, очекувајќи дека кафето ќе им помогне да се расонат или полесно да ги извршуваат работните задачи. Влијанието на кофеинот врз нашите когнитивни способности може да е посложено отколку што мислиме…
Иако знаеме дека кофеинот може да влијае врз вниманието, будноста, неговото влијание врз посложените мисловни процеси и не е толку едноставно. Новото истражување објавено во научното списание „Нутриент“, покажува што се случува при внесување 300 милиграми кофеин наутро, приближно еден час пред тестирањето.
Во истражувањето е опфатен 51 активен учесник, кој внесувал 150 милиграми кофеин дневно. Заклучокот бил интересен, кофеинот не довел до значително подобрување на резултатите на користените когнитивни тестови, ниту ја подобрил
реактивната агилност. Не биле утврдени ниту значајни разлики во расположението.
Но како влијае кофеинот?
Кофеинот е поврзан со аденозинот, супстанца која постепено се наталожува за време на будноста и придонесува за чувството на поспаност. Ги блокира аденозинските рецептори, поради што можеме да се чувствуваме побудни. Но, чувството на поголема будност не мора автоматски да значи и подобри резултати при сите видови ментални задачи.
Авторите на новата студија потсетуваат дека придобивките од кофеинот за некои поедноставни когнитивни функции, како што се вниманието, будноста и времето на реакција, веќе биле забележани во претходни истражувања. Кога станува збор за посложени функции, како што се решавањето проблеми и донесувањето одлуки, резултатите од истражувањата не се толку еднозначни.